Слават 50. роденден , а се уште се меѓу најубавите жени на светот (ФОТО)
Деновиве на социјалните мрежи почна жестока расправа предизвикана од пишувањето на францускиот писател Јан Муа , откако изјавил дека не би бил способен да сака жена постара од 50 години.
,,Повеќе сакам и ценам млади тела , така е. Не е многу комплицирано. Телото на 25 годишна девојка е чудесно. Телото на 50 годишна ни малку не е чудесно.” изјави познатиот писател. По тоа многу жени се најдоа погодени , а француската комичарка Марина Фуа , која наскоро ќе наполни 49 , рече дека има само една година и 14 дена за да спие со писателот.
Голем број од корисниците на социјалните мрежи го бранеа ставот на писателот , но најжесток демант стигна од Холивуд.
Бројни актерки оваа година ќе наполнат 50 години , па сепак се вбројуваат меѓу најубавите жени на светот и се уште се секс симбол.