Започна снимањето на филмот за животот на Џеј Рамадановски: Овој пејач ќе го глуми неговиот лик! (ВИДЕО)

Се снима во строга тајност...

Снимање на филмот „Недела“, кој е инспириран од случувањата од животот на легендарниот пејач Џеј  Рамадановски, започна да се снима во најстрога тајност.

Во  филмот се следи растењето и патот до успехот, како и личностите кои го одбележале неговиот живот.

Ликот кој ќе го глуми Џеј е Хусеин Алијевиќ, познат како Хуса од некогашната група „Beat street“.

Сценариото го напишал Стефан Бошковиќ, а режијата е на Немања Чераниќ.

Животот не пајчот, тврдат тие што го прочитале сценариото, ќе биде веродостојно раскажен, а за тоа се погрижиле многубројните пријатели на Џеј, а еден од нив е Миодраг Совтиќ, сопругот на Аница Добре, кој од првиот ден до последниот ден на пишување на сценариото допринел многу за ова филмско остварување.

Се уште не се знае кој ќе биде задолжен за музиката во филмот, со оглед на тоа дека ќе биде многу важен дел.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.