Вака ги поминува деновите до оздравувањето Хрватот заболен од коронавирусот

Дневник на првиот Хрват заразен со коронавирус

Загрепските близнаци се заедно во карантинот, а денот им се сведува на одмор, мерење на температура, исхрана и прошетки од ѕид до ѕид на малечката болничка соба.

Првиот Хрват заболен од коронавирусот го опишува почетокот на денот во изолација.

Таблетот ѕвони околу 7 часот. Сестрите нè будат за да ни измерат сатурација, пулс и температура. Радосна вест е тоа што топломерот првпат покажува дека немам температура.

Загрепските близнаци се заедно во карантинот, а денот им се сведува на одмор, мерење на температура, исхрана и прошетки од ѕид до ѕид на малечката болничка соба. Само една мисла е присутна цел ден – што побрзо да оздрават и да ѝ се вратат на својата рутина.

 

Кога сте нон-стоп затворени, губите поим за времето, па се прашувате како буквално ни изгледа денот“, вели добро расположениот прв пациент во Хрватска, кој со коронавирусот се заразил на натпреварот од Лигата на шампиони во Милано минатата недела. Денот му почна со добра вест -првпат без температура, но подоцна полека пак му се покачи…

Појадокот им е вообичаен, а со него ја примаат и терапијата – две таблети кои инаку ги користат и заболените од ХИВ. Лекарите наведуваат дека веруваат дека тие може да им помогнат на заболените од корона вирусот.

Наутро е присутен дежурниот лекар на кој преку таблет му ги јавуваме бројките. Сатурацијата која ја споменав, мерење на заситеноста на телото со кислород. Тоа го мери истиот апарат кој го мери и пулсот и се става како штипка на прстот. За три секунди покажува бројки. Потоа со обичен топломер мериме температура па сите тие бројки таблетму ги покажуваме на докторот. Потоа ни јавуваат дека ќе ја отклучат вратата и ќе ни остават појадок. Потоа го оставаат пред вратаta и тие се поместуваат, а ние го земаме. Вратата повторно се заклучува“, опишува детално заразениот загрепчанец.

Вели дека храната во болницата е доста добра.

Немаме забелешки. Наутро се јаде леб со некое крем-сирење или путер и мед. По појадокот повторно одмораме“, вели тој.

Текстот продолжува на следната страница….

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.