Подарок за 1 читателка: „Живот без крај“ на Фредерик Бегбеде

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.

Издавачки центар ТРИ на еден читател на февруарскиот број на списанието „Убавина и здравје“ му го подарува ремек-делото на славниот Фредерик Бегбеде, романот „Живот без крај“, кој е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта, сексот, бракот, експериментирањето со дрогите итн., во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството, на смртта и вечниот живот.

Нараторот на „Живот без крај“ е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство.

Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.

Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.

Доколку сакате да го добиете овој роман на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од февруарската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во мартовскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

 

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.