Кристијан Диор не го поднесувал ОВА кај жените: Сметал дека една жена не е дама ако ги дозволува овие 4 работи!

Дали се согласувате?

Кристијан Диор ги обожавал жените, но немал разбирање за овие работи…

Кристијан Диор е еден од најпознатите модни дизајнери, а и покрај многуте поминати децении, брендот „Диор“ и понатаму важи за синоним за квалитет и добар вкус.

Самиот Кристијан Диор многу ги сакал жените, но имало и такви што ги презирал.

Еве неколку типови жени што Кристијан Диор ги сметал за недораснати…

Жени со валкана коса

Исто како Коко Шанел, и Кристијан Диор сметал дека најлошото нешто што една жена може да го направи е да излезе од дома со валкана коса. Диор верувал дека не може да се каже за една жена дека е негувана ако си дозволи да се појави во јавност со валкана коса. Чистата коса е еден од најсилните адути на дамите.

Жени кои не се женствени

Ако жената не е женствена, тогаш не може да се смета за дама. Ако ја негира својата женственост и не ја нагласува, тогаш таа не е жена, така сметал Диор. Според Диор, не се женствени само чевлите со потпетици и фустаните, туку и однесувањето, манирите и начинот на комуникација со другите луѓе.

Жени што носат облека која не им одговара

Диор сметал дека правилната нега на телото подразбира и избор на облека што му одговара на телото и карактерот. Негувана жена е онаа што носи облека која ѝ прилега на нејзината става и која умерено ја нагласува.

Жени што не носат добри обувки

„Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе“, изјавил еднаш Диор. Тој сметал дека женските обувки се неопходен атрибут на женственоста. Негуваните дами не можат да излезат од дома со обувки што не се женствени. Кристијан Диор не поднесувал патики на женските нозе.

Што мислите за неговите правила? Се согласувате со нив?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.