Украина донесе конечна одлука за учеството на Евровизија: Организаторите им дале поддршка! (ВИДЕО)

Храбро!

Фото: Инстаграм

Организаторите на престижниот музички натпревар „Евровизија“, кој оваа година се одржува во Торино, го потврдија учеството на Украина на популарниот фестивал.

Поради моменталната ситуација имаше многу шпекулации за тоа дали Украина ќе учествува на овој натпревар, кој ќе се одржи во мај во Италија.

Извршната продуцентка Симона Марторели изјавила дека украинската делегација го потврдила своето учество и на време ги испратила сите потребни документи.

„Тоа е за восхит, со оглед на ситуацијата“ – рекла таа.

Украина оваа година ќе ја претставува Калуш Оркестра со песната „Стефанија“.

Тие ќе се обидат да снимат видео кое ќе го пратат на организаторот за случај да не успеат физички да дојдат во Италија.

Организаторите истакнале дека главната порака на фестивалот оваа година ќе биде мирот!

Инаку Русија на 24 фебруари ја започна инвазијата на Украина и забрането и е да учествува на овогодинешното издание на фестивалот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.