Тања Савиќ ја искоментира Ана Николиќ: Жал ми е за неа, нема кој да ја фати за рака!

Искрено!

Пејачката Тања Савиќ истакнува дека е горда на успехот кој го постигнала и дека колегите не ги гледа како конкуренција.
Ја прашале кого од колегите го смета за конкуренција, а таа одговорила:

„Додека бев во натпреварувањето, можам да зборам за тоа, сега сум изградена личност. Имам скоро 20 години кариера позади себе. Ги поддржувам колегите и колешките, а особено овие младите што се трудат.

Дали попрво би одела на концерт на Александра Пријовиќ или Милица Павловиќ?

„Би било интересно да одам и на двата концерти. Милица веројатно би направила перформанс и тоа би било убаво да се слушне и види. Што се однесува од Александра, таа може да си дозволи само да стои, да не мора да танцува, туку само да пее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Тања Савиќ одговорила и на прашањето, дали би одела на концерт на Ана Николиќ…

„Па, би одела, зошто да не? Ана многу убаво пее, но мене ми е жал за неа. Знаете за што зборувам. Веројатно никој не се осудува да го каже тоа. Сите знаеме која беше Ана на почетокот на кариерата и како се однесуваше и каква девојка беше тоа од милион долари. Жал ми е што нема кој да ја повлече за ракав и да и каже: Ана, опамети се, работи, пеј, труди се повеќе околу својата кариера. Таа се повлече од јавниот живот, ја нема“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.