Српскиот рапер нападнат во клуб: Девито остана без маска, обезбедувањето му се нафрли на сторителот! (ВИДЕО)
Пејачот го прекинал и својот настап...
Популарниот српски рапер Девид Љубеновиќ, на сите познат како Девито, неодамна на настап во еден српски град му ја извадиле маската од глава, која инаку е негов заштитен знак.
Додека Девито ја пеел песната „Само јако“, еден обожавател од првиот ред го фатил и му ја соблекол маската.
Раперот веднаш го завртел грбот кон публиката и повторно ја вратил маската, додека обезбедувањето веднаш тргнало на непознатиот обожавател, кој потоа бил исфрлен од објектот.
По завршувањето на песната, вознемирениот пејач најавил пауза, а по неколку минути тој го продожил настапот.
Погледнете го инцидентот:
@gabrielaaa2711Devitu skinuli masku tokom nastupa🤪##gaudeamus ##posusje ##devito ##devitoanonymo ##idj ##discoclub