Синот на Лепа Брена не смее да каже на мајка му дека му се допаѓа пејачка: Виктор се крие со новата девојка! (ФОТО)

Малиот на Лепа е на „тешки“ маки...

Фото: Инстаграм

Синот на пејачката Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ и Сандра Миљаковиќ неодамна одлучија дека на нивната долгодишна врска и дошло крајот, а по се изгледа на двајцата не им требало многу време за да преболат.

Двајцата се на прагот на нови романтични врски…

Атрактивната пејачка Лена Чолак, според пишувањето на „Стар“, би можела да биде новата девојка на Филип Живојиновиќ, а како што кажал изворот, двајцата биле видени во ноќен провод.

– Виктор и Лена се познаваат веќе некое време, бидејќи таа беше ангажирана да пее на приватните прослави на семејстовото Живојиновиќ. Уште тогаш Лена му се допаднала на Виктор. Сега кога стави крај на врската со Сандра, решил да се „фрли“ на освојување на младата пејачка. На Виктор му се допаѓа тоа што Лена е амбициозна и спонтана, особено му е мило што кариерата не ја гради со скандали. Тие двајца се сретнале на една забава, па Виктор не губел многу време и веднаш се „пуштил“ во акција. Од тоа што можеше да се види, Лена не се бунеше многу околу тоа. Наздравуваа цело време, се смееја, а на крајот со остатокот од друштвото продолжија во дискотека – кажал изворот и додал дека на Виктор нема да му биде лесно да ја претстави на неговата мајка.

– Колку што знам, тие се во некоја тајна врска која Виктор се уште ја крие и не смее да каже на Брена дека се гледа со пејачка. Таа уште навива да се смират со Сандра, бидејќи ја засакала како ќерка – завршил изворот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.