Се сеќавате на Кико од „Идол“? Го снема од македонската сцена, ама за тоа сега пее во Дубаи! (ВИДЕО)

Ужива во една од најбогатите земји во светот...

Се сеќавате на младиот пејач Христијан Тодороски – Кико кој пред неколку години беше од музичкото шоу „Идол“ кое се емитуваше на „А1“  телевизија…

После „Идол“, Кико започна со успешна музичка кариера, но по некое време крена раце, се повлече од јавната сцена и престана да снима свои авторски песни…

Денеска Кико живее во Дубаи, а покрај тоа што ужива во благодетите на оваа арапска земја, тој повторно се врати на неговата стара љубов – пеењето и настапите.

Имено, тој на неговиот профил на Инстаграм објави видео на кое може да се види како настапува како предгрупа на популарната српска пејачка Ана Бекута.

„Да, пеев пред Ана, а ме пратеше нејзиниот бенд. Ова не е прва свирка со пејачи од Балканот. Мојот пријател Ѓорѓе и неговата „Балкан мјузик евентс“ веќе тука ги донесоа и Саша Матиќ, Пеѓа Меденица и многу други“ – вели младиот пејач Кико, кој открива дека не планира да се врати во Македонија во блиска иднина…

Погледнете го видеото кое го објави на својот профил на Инстаграм:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.