3 природни средства што ги отстрануваат мувлата и влагата од ѕидовите: Не оставаат флеки, а ѕидовите ќе бидат чисти

Добро е да се знае

Доколку имате проблем со влагата и мувлата на ѕидовите, испробајте ги овие природни начини на чистење

Постојат дури 3 испробани, природни средства за чистење мувла од ѕидовите. Еве за што станува збор…

1. Алкохолен оцет

Елиминира околу 90 отсто од влагата. Сипете го оцетот во шише со распрскувач и попрскајте го на зафатените места. Оставете го некое време да отстои. Со оглед на тоа што оцетот има прилично јак мирис, може да му додадете неколку капки етерично масло, најдобро лимон, бидејќи тој е доволно силен за да го замаскира непријатниот мирис на оцетот. Од друга страна, не е толку јак за да има неповолно влијание врз луѓето чувствителни на мириси.

2. Хидроген пероксид

Ќе ви помогне против влагата. Ви треба 3-процентен хидроген пероксид и пластично шише со распрскувач. Сипете го хидрогенот пероксид во шише и испрскајте го на мувлосаните места, оставете го да дејствува 10 минути и потоа пребришете го.

3. Сода бикарбона

Таа сама по себе е одлично средство за чистење, а во овој случај можете да ја измешате со оцет или вода.

Ефикасен трик против мувла: Еве како да се ослободите од влагата и габичките на сите површини!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.