Роберт Де Ниро: Страшно е што Русите се закануваат со нуклеарно оружје од кое нема никој да преживее! (ФОТО)

Актерот кажал дека мора да се сопре војната!

Холивуската ѕвезда Роберт Де Ниро одржа говор на Универзитетот во Кембриџ, па во таа прилика ја искоментира и војната во Украина.

Оскаровецот кој позади себе има богата актерска кариера настапил пред преполна сала публика. Покрај своите достигнувања, Де Ниро го прашале што имсли за ситуацијата во Украина, која од ден на ден е се понеизвесна.

„Мора да станете и да кажете „Не може тоа да го правите, тоа е погрешно“. Едноставно е. Не се работи ниту за демократија, туку за исправна и погрешна вистина – рекол тој.

Исто така, на прашањето што мисли за сакнциите кои се воведени кон Русија, тој имал подготвен одговор.

„Санкции? Не знам како тоа  функционора. Колку длабоко може да го нагризат режимот и колку можат да делуваат на промена на политичката ситуација – би било вистинско прашање. Се плашам дека оваа работа ќе продолжи – рекол Де Ниро кој се плаши дека луѓето утре ќе се навикнат дека некој така лесно ја пробил Украина.

Актерот не може и понатаму да сфати во каква состојба е светот.

„Можеби луѓето ќе мора да земат цврста позиција. Страшно е да се биде свесен за фактот дека некој некому се заканува со нуклеарно оружје, безразлика што тоа би значело дека никој нема да преживее. Не можам да замислам дека светот е во ваква состојба – рекол актерот и повторно потенцирал дека мора да се направи нешто за да се спречи војната.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.