Ретко ја појавува во јавност: Вака изгледа сопругата на Дино Мерлин, нивната љубовна приказна е за на филм! (ФОТО)

Љубовта може се!

Фото: ПР - bljesak.info

Пејачот Дино Мерлин ретко кога во јавност ја покажува сопругата Амела, со која има две деца, а нивната љубовна приказна е многу интересна.

Како самиот откри во една пригода, пред бракот тие биле пет години во врска.

Со мојата сопруга Амела сум од седумнаесеттата година и уште ми е убаво. Немам проблеми, ниту скандали. Всушност, не сме во брак толку години, бидејќи се забавувавме речиси пет години – го враќа Мерлин својот филм на спомени.

Родителите на Амела биле против љубовта со Дино, бидејќи бил сиромашен, а таа студирала архитектура и имала „од пиле млеко“.

Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не’ раздели. По пет години се венчавме тајно. Беше тоа романтична венчавка, иако може да се каже дека ја украдов. Покрај нас беа само мојот кум и сестрата на Амела, која беше кума. Говорот на матичарот беше предолг, постојано гледав на врата да не дојде некој да ни ја расипе среќата – рекол Мерлин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.