Раперот Снуп Дог ќе заврши зад решетки? Обвинет за сексуален напад!

Случката била пред 10 години...

Жена која работела како танчерка на сцената за Снуп Дог и неговиот соработник Дон Меџик Хуан сега ги тужи двајцата со наводи дека сексуално ја злоупотребиле пред речиси десет години.

Жената, чиј идентитет не е откриен, во средата поднесе тужба до федералниот суд во Лос Анџелес, со тврдење дека наводните напади на раперот и неговиот пријател се случиле кратко време по настапот на Снуп Дог во Анахејм, Калифорнија, во мај 2013 година, пренесува „Ролинг стоун“.

Во судскиот документ, таа наведува дека била нападната од Дон Меџик Хуан, чие вистинско име е Доналд Кембел, откако прифатила да ја однесе дома, но завршила во неговата куќа против своја волја. Таа тврди дека Кембел ја нападнал во резиденцијата и ја присилил на орален секс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

Подоцна, ѝ рекол да го придружува до студиото за снимање каде што Снуп Дог ја снимал својата ТВ-серија. Наводно, ѝ се слошило и отишла во бањата во студиото кога Снуп неочекувано влегол, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја принудил орално да го задоволи.

Извор близок до Снуп изјавил за „ТМЗ“ дека жената намерно поднела тужба пред „Супербоул“ овој викенд, бидејќи раперот треба да настапи на полувремето.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.