Пикник или активности во природа? Задолжително понесете го ОВА со себе на кратките, но слатки одмори

Производите Раид и Аутан веќе 60 години се покрај вас за безгрижно лето без комарци!

Јуни е идеален месец за популарната комбинација на работни денови и викенди и одење на заслужен одмор. Без разлика дали претпочитате пикник во природа, патување на море или можеби активен одмор на планина или во шума, сè е одличен избор да ги наполните батериите и да ги преживеете деновите до вашиот годишен одмор.

Кратките, но слатки одмори бараат можеби уште поголема подготовка од подолгите. Има голем број нешта за кои треба да размислите, особено ако се работи за одмор во природа. Затоа, подготвивме листа со работите кои треба да ги имате во вашата торба кога одите на одмор. Особено во летните месеци, овие производи дефинитивно не треба да ги изоставувате.

Крем со заштитен фактор

Треба редовно да нанесувате крем за сончање во текот на денот, затоа задолжително понесете го во чантата. Не заборавајте да го проверите датумот на истекување – да, кремот за сончање има рок на траење!

Хидратантен крем со заштитен фактор за лице

Еден ден на сонце може да ја исцица влагата од вашата кожа, затоа имајте при рака хидратантен крем за лице или уште подобро течност или хидратантен крем со заштитен фактор за да ја одржите вашата кожа хидрирана и сјајна.

Термална вода или спреј за лице

Летните горештини знаат да бидат многу непријатни, па затоа е добро при рака да имате термална вода или спреј за лице што веднаш ќе ве освежи и разлади.

Спреј за заштита од инсекти

Доаѓањето на летните горештини значи и доаѓање на комарците и другите досадни инсекти. За да уживате во безгрижните летни денови на плажа и во вечерните прошетки, секогаш имајте со себе спреј за заштита од комарци Autan.

Линијата Autan Tropical е наменета за луѓе кои поминуваат подолго во природа. Производите се идеални за активен одмор, а дејствуваат и при потење. Што е најважно, обезбедуваат сигурна 8-часoвна заштита од обични комарци, до 6 часа заштитуваат од тигарести комарци и до 4 часа од тропски комарци.

Autan Family Care е производна линија наменета за целото семејство, и за возрасни и за деца. Производите обезбедуваат ефикасна заштита од каснување од комарец до 4 часа, а доаѓаат во два формати – како лосион и сув спреј.

Сувиот спреј Autan Family Care, благодарение на својата специјална формула, која содржи пченкарен скроб, не ја прави кожата мрсна и има пријатен мирис.

Планина или шума е дом на многу бројни несакани инсекти од кои мора да се заштитиме. Доколку сепак ве касне некој инсект, ублажете ја болката со Аутан гел по убодот. Содржи ментол, се нанесува директно на местото на убодот и има посебна микропумпа која го олеснува нанесувањето.

Влажни марамчиња

Пот, кал, трева и друга нечистотија може да се залепат на вашата кожа за време на престојот во природа, па влажните марамчиња се наједноставниот начин за бришење на рацете и лицето. Ако одите на пикник или во природа со деца, дефинитивно ќе ви требаат.

Дезинфекција

Покрај влажните марамчиња, корисно е да имате и средство за дезинфекција на рацете во вашата чанта, особено кога сите ја делат храната.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.