Четири лековити бањи во регионот, кои се вистински благодат за душата и за телото

Термални оази

На голем број од нас прва асоцијација кога ќе се спомне бања се луѓе на возраст од 50 до 60 години, кои поминуваат време во нив користејќи ги третманите со лековита вода под лекарски надзор. Меѓутоа, времињата се сменија.

Главни карактеристики на современиот живот на луѓето се изложеност на стрес и недостиг на време да се грижиме за себеси, па бањите денес имаат поинаква функција во нашиот живот. Ви претставуваме четири лековити бањи во регионот, кои се вистински благодат за душата и за телото.

Дебарски бањи Цапа (Македонија)

Во западниот дел на оваа наша прекрасна земја се наоѓа Дебар, мало гратче кое за многумина познато по Дебарските бањи. Топлите извори на лековитата вода со специфичен мирис го опседнуваат целиот град, а дебарските бањи Цапа, вештачкото езеро и прекрасните шумски предели на планините Дешат и Кораб се вистинско место за одмор, релаксација и рехабилитација.

Лековитоста на водата, чија температура е околу 38 степени Целзиусови, влијае како превенција против многу заболувања.  Истражувањата направени на овие термо-минерални води покажале дека се најлековити во Европа, а во светски рамки се на високо трето место.

Вашиот престој тука можете да го надополните со прошетки покрај езерото, а похрабрите и со пешачење низ планина.

Нафталан, Иваниќ Град (Хрватска)

Во непосредна близина на Загреб се наоѓа историското гратче Иваниќ Град, за кое природата сакала да стане познато по исклучително ретки и снажни природни лековити извори. Имено, тука се наоѓа второто наоѓалиште во светот, а единствено во Европа, на нафталан, специфична врста на лековита нафта.

Медицински индикации: кожни болести (псоријаза, атописки дерматитис, склеродермија, контактен дерматитис), болести на коскено-мускулен систем (воспалителен ревматитис, артритис, псоријатичен артритис), дегенеративни афекции на зглобови и карлица, болести на крвни садови, Бургерова болест, болести на нервниот систем, полиневропатии, парези, посттрауматска и постоперативна рехабилитација на локомоторниот систем, состојби по изгореници, рекреација.

Лутра Пожар, Лутраки (Грција)

Лутра Пожар се смета за еден од најдобрите тераписки центри во Грција, со голем број услуги и погодности и со развиена туристичка инфраструктура. Се наоѓа во прекрасен живописен регион, оддалечен 100 км од Солун, каде што лековитата вода извира од шест извори. Освен тераписките својства на водата, вистински благодат за душата и телото е и неверојатно пријатната атмосфера – бујна вегетација, топли и ладни извори, водопади, река, природни базени… Љубителите на хајкинг и планирање дефинитивно ќе уживаат во природата на околните шуми и планини.

Бања Ќустендил (Бугарија)

Се наоѓа во западна Бугарија, 85 км од Софија, на тромеѓето меѓу Србија, Македонија и Бугарија, на 500 метри надморска височина, а има 40 минерални извори. Минералните води ги имаат следниве карактеристики:

Содржат анјони: хидрокарбонат, сулфат, хлор, карбонат, хидросулфиди, хидросиликат.

Содржат катјони: натриум, калиум, калциум, магнезиум, литиум.

Имаат pH-вредност 9.3, а највисоката температура на водата изнесува +93 степени Целзиусови.

Индикации: машки и женски стерилитет, гинеколошки болести, болести на машките полови органи, ревматски болести, трауматолошки болести, кардиоваскуларни и невролошки болести.

ТЕКСТ: БОЈАНА СТОЈМЕНОВИЌ

ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.