Не можам да одам, не можам да стојам на нозе: Поранешната порно-ѕвезда се бори со тешка болест! (ФОТО)
Се сеќавате ли на неа?
Познатата Џена Џејмсон, претприемачка и режисерка, една од најпознатите порно ѕвезди на сите времиња, денес се бори со голем здравствен предизвик.
Пред неколку години таа се откажа од порно улогите и го промени својот живот, сосема посветена на своето семејство. Актерката всушност има близнаци од врската со професионалниот боксер Тим Ортиз и ќерка со сегашниот партнер Лиор Битон.
View this post on Instagram
Меѓутоа, во последно време нејзниот живот се преврти „наопаку“. Џена моментално е во болница на Хаваи каде е хоспитализирана по неколку навидум необјасниви напади на повраќање.
Партнерот на Џена со видео објавено на Инстаграм пред неколку дена раскажа за нејзината здравствена состојба. Последователно, и поранешната порно ѕвезда сакаше да ги поздрави следбениците на социјалните мрежи и да им се заблагодари за поддршката:
„Здраво дечки, најпрво благодарам за љубовта и поддршката што ми ја испративте преку приватни пораки“.
View this post on Instagram
А потоа откри што и се случува: „Лекарите се сомневаат дека имам синдром Гилијан-Баре и веќе го започнав третманот со имуноглобулин. Во болница сум и ќе останам додека не заврши лекувањето. Се надевам дека ќе излезам наскоро“.