На Дарко Лазиќ му донеле стриптизерки на момачката забава: Идната сопруга Катарина „скокнала“ и рекла дека нема допирање! (ВИДЕО)

Хаос!

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина направиле заедно момачка и девојачка вечер, но иако се им било испланирано, сепак имале изненадување.

Имено, братот на Дарко донел стриптизерки, но ниту Катарина не била скратена, па и таа добила танц во скут, меѓутоа предходно на девојките им кажала дека има граница.

„Дарко и Кача решиле да направат ваков тип на забава, бидејќи имаат многу заеднички пријатели. Планот било да биде се дозволено таа вечер, но да не се оди предалеку со оглед на тоа дека имало многу алкохол. Дарко и Кача го знаеле планот за вечерта, но биле изненадени од пријателите. Дарко не знаел дека брат му Драган и другарите му донеле стриптизерки, па Катарина поради тоа се изнервирала“ – рекол извор близок на парот.

Пејачот не го криел задоволството кога ги видел стриптизерките на неговата забава…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.