(Видео) Туристка ги налути Италијанците, влезе во Фонтаната Треви да си наполни шише со вода

На Твитер се споделува видео на кое се гледа како туристка се качила на Фонтана Треви во Рим за да наполни шише со вода, наспроти сите знаци кои предупредуваат дека станува збор за историска знаменитост за која би требало да знаеме дека мора да се почитува забраната за какви било активности во и околу фонтаната.

Туристкатата била пречекана од обезбедувањето, но и покрај нивното објаснување, таа не разбрала каде згрешила.

 

Претходно исто така турист од Бугарија ги изреволтира Италијанците кога го издлаби името на својата девојка во Колосеумот.

Коментарите се заклучени.