„Лепи громе мој“ не била песна за Цеца: Погледнетe која пејачка требало да ја испее! (ФОТО)

Не само таа и многу други...

Цеца Ражнатовиќ во својата повеќе децениска кариера има многу хитови, а нејзините фанови честопати не можат да се одлучат која нејзина песна им е омилена.

Сепак, иако некои песни [to завршиле кај фолк-ѕвездата, има и такви кои биле пишувани за други изведувачи.

Па така, песните „Тачно је“ и „Лепи громе мој“ требало да ги отпее Маја Беровиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial)

Маја во една пригода рекла дека на покојната Марина Туцаковиќ ѝ однела матрица од песната „Тачно је“ и ја замолила да ѝ напише текст за таа мелодија.

Матрицата беше од некој изведувач од Тунис, па јас ја однесов кај Марина и побарав да ми напише текст за да направиме српска верзија. Еден ден од весниците дознав дека таа песна ѝ е дадена на Цеца – изјавила Маја, која веднаш ја барала Марина да ѝ објасни што се случило.

Ми кажа дека во тој период го работела новиот албум на Цеца и дека ѝ ја дала таа песна бидејќи била вистинската за неа. Бев изненадена, но не ме погоди, ниту пак ме навреди. Марина беше голема жена, ја обожавав и на неа никој не можеше да ѝ се налути. Си реков: Мајо, имаш многу хитови, еден помалку или повеќе.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.