СРАМОТА: Доналд ја погребал Ивана на својот имот за да се ослободи од даночни обврски?

Шоубизнис

Ивана Трамп, која почина на 14 јули во својот дом во Њујорк, беше погребана на теренот за голф на нејзиниот поранешен сопруг Доналд Трамп. Магазинот “Vаnity Fair” тврди дека зад тоа се крие морбидна причина.

„Нема да верувате, но можеби Доналд Трамп решил неговата поранешна сопруга да биде погребана на својот терен за голф поради даночни поволности“, истакнува “Vanity Fair“.

Американските медиуми пишуваат дека според законите на сојузната држава Њу Џерси, земјиштето што се користи за погребување е ослободено од плаќање на голем број даноци, вклучувајќи данок на недвижен имот, наследство и приход.

Социологот Брук Харингтон од Универзитетот Дартмут, која напиша книга за начините на кои најбогатите луѓе избегнуваат да плаќаат даноци, рече дека првично била скептична во врска со гласините дека зад погребот на Ивана Трамп имало даночни олеснувања. Меѓутоа, откако ги истражуваше законите на Њу Џерси, таа се увери дека тие навистина ја обезбедуваат оваа придобивка без ограничување на бројот на луѓе закопани на една парцела, според „Венити фер“.

„Њујорк пост“ како и „Дејли мејл“ неодамна објавија фотографии од гробот на Ивана Трамп. Можеби постои сосема поинаква причина зошто поранешната сопруга на Доналд Трамп почива на имотот на поранешниот американски претседател во Њу Џерси, каде што помина многу време во текот на нивниот брак, кој им донесе три деца, Иванка, Ерик и Доналд Јуниор.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.