Снимката што ја шокира јавноста: Таткото ѝ ја честита победата на ќерката тенисерка (16) тапкајќи ја по задникот, а неколку секудни подоцна истото го направи уште еден маж (ВИДЕО)

„Ужас, ова е срамотно и одвратно“, коментираат на Твитер.

Откако младата тениска ѕвезда Сара Бејлек (16) го освои своето место во главната ждрепка на УС Опен, снимено е видео кое ја шокира јавноста.

На видеото можете да видите како таткото ѝ ја честита победата на младата тенисерка – тапкајќи ја и допирајќи ја по задникот. Потоа ја бакнува во уста и тоа е далеку помалку контроверзно од првото бидејќи бакнувањето на децата и родителите во уста е доста честа појава во одредени општества и култури.

Снимката стана уште поспорна кога неколку секунди подоцна друг маж ја тапка по задникот.

Видеото воопшто не им се допадна на корисниците на Твитер:

Ова е повеќе од несоодветно, како што течеше дејството, стануваше се’ полошо и полошо“, „Ужас, таа има само 16 години“, „Срамота, одвратно“.

Контроверзната честитка за победата продолжува да се коментира на Твитер, каде што речиси сите се согласуваат дека се поминати границите на дозволеното. Како вие го коментирате видеото?

Видео: Твитер

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.