Синовите ја изненадија Сека Алексиќ за Денот на жената! Пејачката воодушевена од подароците, наследниците без зборови (ВИДЕО/ФОТО)

Нешто кое нема цена...

Фото: Printscreen K1 TV

Сека Алексиќ сподели фотографии и јавно се пофали со подароците кои ги добила од своите наследници…

Пејачката Сека Алексиќ преку својот Инстаграм профил се пофали со подароците кои ги добила од синовите Јаков и Јован за Денот на жената.

Имено, постариот син на Сека и Вељко, Јаков, направи емотивна честитка за својата мајка, а она што го напиша ја остави пејачката без зборови.

„Во срцето на мајка ми чука и моето срце“, пишува во честитката во облик на срце.

А помалиот син Јован се потрудил да ја изненади мајка си на свој начин. Тој и подари црвено срце кое Алексиќ веднаш го фотографираше и го сподели на мрежите.

На крајот, пејачката упати порака со јавна поддршка и благодарност до жените, по повод денешниот ден.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.