Се согласила на тројка со славниот пејач и неговата сопруга: Си играла со мажите, додека болно ја љубела ОВАА жена

Љубовниот живот на Ени Лебовиц

Пред и по Ени Лебовиц ништо не било исто

Пред нејзиниот објект застанале светски ѕвезди, луѓе од најразлични сфери кои го менувале светот, исто како неа.

Кога се појавила, била иновативна, а подоцна нејзиното име станало синоним за сигурност: штом се слушнело дека Ени Лебовиц фотографира, се знаело дека ќе излезат најдобрите фотографии.

Најдобри фотографии за модни магазини, најдобри политички портрети, најдобро доловени важни светски случувања – Ени не била специјализиран фотограф, таа фотографирала сè што е вредно за внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Annie Leibovitz (@annieleibovitz)

Која е Ени Лебовиц?

Ени живее на Менхетен, а се родила во Витербери во Конектикат. Таа е третото од шесте деца на инструкторка по танци и воен работник.

По потекло е Еврејка. Се образовала на Институтот за уметности во Сан Франциско со желба да стане професорка во оваа образовна институција.

Се инспирирала од работата на Роберт Франк и Хенри Картиер Бресон, а многу важен момент за нејзината кариера бил и престојот во Амир во Израел во 1969 година.

Ени го променила познатиот магазин „Ролинг Стоун“ каде што работела од 1973. до 1983. Нејзиното најзначајно дело за ова списание била сликата од Џон Ленон и Јоко Оно, фотографирана на 8.12.1980, пет часа пред убиството на членот на „Битлси“ во Њујорк.

Фотографката долго преговарала околу сликањето со Ленон. Џон упорно инсистирал да се појави на фотографијата со сопругата, иако првичната идеја била поинаква.

На денот на фотосесијата, бил многу воздржан и ѝ посочил на Ени да се потруди сликата задолжително да биде на насловната страница. Култната фотографија на која тој гол ја прегрнува Јоко станала повеќе од тоа. Подоцна ја „оживеале“ нивниот син Шон Ленон и неговата девојка Шарлот Кемп Мал.

Ени, која за кампањата „Американ експрес“ била наградена со признанието „Клио“, го променила и списанието „Венити фер“, воведувајќи фотографии со јаки бои.

Најшокантните детали за Ени

Во биографијата за Џен Венер, основачот на култниот музички магазин „Ролинг Стоун“, биле изнесени низа шокантни детали за неа.

Според книгата, Ени која во 1975. била официјална фотографка за списанието, користела наркотици до таа мера што и Кит Ричардс бил шокиран.

„Нејзиниот дилер неколку пати ја оставаше пред болница кога ќе претераше“, се наведува во книгата.

И тоа не е сè. Ени повремено имала сексуални односи со Мик Џегер (како и со основачот на „Венити фер“ и неговата сопруга).

Подоцна признала дека е лезбејка и била првата фотографка која јавно ја открила својата хомосексуалност.

Ени Лебовиц со години била во врска со писателката Сузан Сонтаг.

Размената на партнери и оргиите се составен дел од нивниот брак: Таа јавно се огласува, а тој ја поддржува -„Имав тројка“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.