Сакала да се разубави, но направила да изгледа постаро: 17 години постарата сестра изгледа помладо од неа!

Сите занемуваат кога ќе ја видат богаташката

Кајли Џенер можеби има 25 години, но лицето ѝ изгледа значително постаро и тоа поради многуте корекции што ги имала досега, сè со цел да се разубави

Во Лос Анџелес била одржана Baby2Baby гала-вечер, а бројни славни личности се појавиле облечени гламурозно и со стил.

Најголемо внимание привлекле Ким Кардашијан и Кајли Џенер, како и нивната мајка Крис Џенер.

Ким уште еднаш ја истакнала витата фигура во розов фустан со шлеп, додека 25-годишната Кајли облекла црн проѕирен фустан со висок прорез.

И покрај тоа што е 17 години постара од неа, Ким изгледала помладо од својата полусестра, која самата направила да изгледа постаро со бројните операции што комплетно ѝ го промениле изгледот.

Многумина се шегуваат дека Кајли сè повеќе личи на 67-годишната мајка Крис, но богаташката не им обрнува внимание на таквите коментари, исто како што не реагирала ни на неодамнешните наводи дека партнерот и таткото на нејзините деца, раперот Травис Скот, веќе некое време ја изневерува.

Да се потсетиме, моделката Ројеан Кар неодамна се огласила за да се пофали дека со години му е љубовница на Травис, иако тој кажал дека не ја познава.

„Премногу чудно работи се случуваат. Непозната личност се шмугна и позира на фотографиите. Тоа требаше да биде затворен сет додека јас режирав спот. Ова го кажувам последен пат. Не ја познавам оваа личност. Никогаш не сум бил со таа личност. Затоа, ве молам престанете со постојаните игри и измислени приказни“, порачал раперот на оваа тема, откако Ројеан објавила видео на кое тие двајца се прегрнуваат.

„Бев добра. Ја објавив глупавата приказна што сакавте да ја објавам. Се преправав дека не те познавам, се согласив на секоја приказна што ја сакавте, без оглед на тоа низ колку проблеми поминав поради тоа“, вака ја започнала таа својата исповед.

„Тврдиш дека не ме познаваш и дека никогаш не си бил со мене, а дефинитивно беше со мене. Сите те видоа со мене. Имам фотографии и видеа од тебе и мене“, рекла таа и по кратка пауза додала:

„Ајде бе. Ајде господине“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @yungsweetro


Рекла и дека секоја вечер ја изневерува Кајли и дека целиот град го знае тоа, а сега ја негира вистината.

Открила и дека Травис се видел со неа дури и за Денот на вљубените оваа година и дека таа знае дека ја сака неа, а не младата милијардерка со која е во врска само поради пари.

За неа не постои табу-тема: Кајли Џенер се отвори за постпородилната депресија – „Плачев без престан“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.