За неа не постои табу-тема: Кајли Џенер се отвори за постпородилната депресија – „Плачев без престан“

Беби-блуз

Кајли Џенер искрено зборуваше за борбата која доаѓа со породувањето.

Оваа 25-годишна ѕвезда е мајка на Сторми (4) и на син, чие име не се знае со месеци. И двете деца ги има со партнерот Травис Скот.

Порано оваа година искрено зборуваше за борбата со која се соочува како мајка. Уште подлабоко навлезе во темата во новата епизода на реалното шоу „Кардашијанс“.

Кајли раскажа дека страда од „беби-блуз“ откако го родила синот, а всушност се работи за послаб облик на постпородилна депресија.

Плачев без престан по цели денови во првите три недели, вели таа во емисијата, а пренесува TMZ.

Тоа е само беби-блуз и спонтано исчезнува. Истото го доживеав и со Сторми, вели Кајли, која додаде дека и во текот на тој период „лежела во кревет, бидејќи главата многу ја болела“.

Ѕвездата исто така, раскажуваше како бременоста ѝ го сменила нејзиниото тело и како се чувствувала поради промената.

Се чувствувам навистина добро во врска со своето тело. На пример, го гледам своето тело и си го сакам, вклучувајќи ги и своите виснати гради, открива таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.