„Доживеа ШОК на сцената или е последица од вакцините“: Кејти Пери на сред концерт не можеше да го затвори десното око!

Шоубизнис

Видеото од поп ѕвездата Кејти Пери во траење од десет секудни каде е на актуелната концертна турнеја помина низ неколку теории – како „последица на вакцината против ковид“, па до „лошиот ботокс“.

Познато е дека пејачката со намера да ја забавува публиката, во пауза измеѓу двете песни го затвори едното око, а другото широко го отвори.

Снимката на кое Кејти Пери се обидува да го отвори окото чиј капак неконтролирано паѓа е симпатичен потег со кој се послужија корисниците на социјалните мрежи за теориите околу вакцината и ботоксот.

Некој може со јазик да го допре носот, некој да ја сврти раката, некој да „мавне со ушите“, а Кејти Пери да манипулира со десното око.

Снимката е опишана како „последица од вакцините“ и последица од лошо направениот ботокс – непријатна ситуација кога после интервенциите ќе „падне“ едната веѓа.

„Ботоксот тргна по злото“, „Еве ви доказ дека постојат последици од вакцините“, „Дали доживеа шок на сцената“, пишуваа корисниците во коментарите.

Не е ниту вакцина, ниту ботокс.

Кејти Пери во април оваа година, како што пишува “Newsweek”, во музичкото натпреварување на Американскиот идол зборуваше за „паѓањето на капакот“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.