Пропаста на десеточленото семејство што сите го обожаваа: Децата пораснаа, а нивната мајка им украла 100.000 долари за да преживее

Џон и Кејт Гослин

Дали се сеќавате на реалното шоу „Џон и Кејт плус 8“? Познатото десеточлено семејство што многумина го обожаваа, доживеа пропаст

Џон и Кејт Гослин јавноста ги запозна кога по близначките добиле шесторка! Веднаш добиле понуда за реално шоу, која ја прифатиле без размислување, не претпоставувајќи дека тоа засекогаш ќе им ги промени животите.

По разводот од Џон, Кејт Гослин продолжи со снимање, па емисијата ја преименуваа во „Кејт плус 8“. Следуваа низа скандали, а во последната јавна расправија, таткото Џон тврди дека мајката Кејт краде пари од своите деца. Станува збор за незанемарлива сума од 100.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Plus 8 (@kateplus8kids)

Џон Гослин тврди дека неговата поранешна сопруга Кејт украла 100.000 долари од нивните деца, но ријалити ѕвездата се брани дека само ги позајмила средствата.

Во правните документи до кои дошле медиумите, ѕвездата од „Кејт плус 8“ признала дека два пати подигнала по 50.000 долари од фондовите на две од нејзините деца, но кажала дека го направила тоа за да преживее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Plus 8 (@kateplus8kids)

Во судскиот документ од 2019 година, Кејт тврдела дека средствата од сметките на Хана и Колин биле искористени за подмирување на трошоците за неа и децата, но истата година на крајот купила куќа покрај езеро во Северна Каролина во вредност од 750.000 долари.

„Тоа е одвратно и морално погрешно“, рекол Џон за медиумите.

„Родителите не би требало да подигнуваат пари од овие сметки без дозвола и без составување папирологија дека ќе ги вратат – но таа не доставила документи и не се извршени никакви плаќања. Не можете да живеете само од парите на вашите деца“, додал тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Gosselin (@kateplusmy8)


Во документите, Кејт исто така тврдела дека всушност осумте деца нејзе ѝ должат пари, бидејќи од свој џеб ја платила нивната приватна школарина.

„Значи, не сакам да го наплатам тоа, но позајмив 100.000 долари од детскиот фонд. И технички, тие ми должат 387.000 долари“, тврдела таа во документите.

Иако поранешната двојка има осум деца, Џон претходно рекол дека има добар однос само со Хана и Колин.

„Комуникацијата со децата кои живеат со Кејт е многу тешка, бидејќи немам отворен однос со нив“, рекол тој на прославата кога неговата шесторка наполнила 18 години на 10 мај.

„Кејт ме отуѓи од тие деца. Мислам дека тоа беше лоша родителска одлука“, тврдел тој, додавајќи:

„Ќе беше многу подобро да беше поотворена со нив и подобро да им ги објаснеше работите.“

Додека Хана и Колин живеат со својот татко од август 2021, Алексис, Аден, Џоел и Лија живеат со Кејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jon Gosselin (@jongosselin1)

Џон, кој со Кејт исто така ги дели и 21-годишните близначки Кара и Медлин, рекол дека конечно се чувствува слободен откако ја завршил повеќегодишната битка за старателство со бившата.

„Слободен сум во смисла дека сега имам возрасни деца. Имам свој бизнис и сега е време да продолжам понатаму“, објаснил Џон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.