Принцот Хари и Меган Маркл наскоро повторно во Велика Британија: Eве кој е поводот

Свет

Фото: Getty Images

Принцот Хари и Меган Маркл ќе ја посетат Велика Британија следниот месец по прв пат од разделбата со кралското семејство.

Војводата и војвотката од Сасекс следниот месец ќе ја посетат Велика Британија како би присуствувале на добротворни акции. Хари и Меган исто така ќе ја посетат и Германија на ова патување да поддржат уште неколку добротворни организации, пишува Дејли мејл.

Потоа ќе ја напуштат Германија на “Invictus Games Dusseldorf” 2023 година.

Нивната посета во Велика Британија се случува откако беа на прославата на платинестиот јубилеј на почетокот на јуни.

Како што пренесуваат странските медиуми, минатиот месец кралицата ги покани Меган и Хари да поминат време со нив во Балморал ова лето. Извор од Балморал за “The Sun” во неделата изјави:

„Речено е дека очекуваат долга листа од членовите на кралското семејство, вклучувајќи ги Хари, Меган и нивните деца Арчиј и Лилибет“.

Ако одлучат да ја прифатат средбата, тоа би овозможило нивните деца да ја видат нивната прабаба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.