Последното видео од Мерилин Монро кружи на Интернет и поттикнува нови теории на заговор: „Се гледа дека нешто не било во ред со неа“

Морничаво

Начинот на кој починала Мерилин Монро, оставил голем простор за разни теории на заговор кои се шират од август 1962 година

Мерилин Монро починала на 5 август 1962 година, а како причина за смртта се наведува предозирањето со барбитурат. Но јавноста никако не можела да го прифати тој факт, па почнале да се креираат разни теории на заговор меѓу луѓето.

Како шлаг на тортата, се појавила и изјавата на судскиот лекар кој кажал дека нејзиното тело не личело на неа. Кажал дека била запоставена, со искршени нокти, неиздепилирана, подуена и со модрици по телото.

Кратко потоа, почнало да се претпоставува дека Мерилин Монро била наводно убиена и дека нејзиното самоубиство било подметнато.

Овие денови стана актуелно и видеото од славната актерка кое настанало на плажа, за време на нејзината сесија со фотографот Џорџ Борис. Споменатото видео настанало кон крајот на јули 1962 година и го снимиле минувачите кои присуствувале на фотографирањето на познатата русокоса.

Џорџ Борис подоцна и самиот раскажал дека се гледало дека нешто ја мачи актерката. Расположението ѝ варирало од хистерично смеење до ненадејни солзи, како што опишал.

Многу биографи се согласиле дека полициските инспектори и форензичари биле безнадежно немарни при истрагата на смртта на Мерилин Монро.

„Никој не ја знае вистината. Никој никогаш нема да ја дознае вистината за смртта на Мерилин Монро“, рекол Мајкл Селсман, последниот ПР-агент на Мерилин Монро и автор на книгата „Сè е гордост“.

Да се потсетиме, организаторот на погребот кој помогнал да се подготви телото на Мерилин Монро за погребот открил морничави детали за состојбата на актерката откако била пронајдена мртва.

Ален Абот и Рон Хаст напишале книга во која се присетиле што се случувало тој 5 август. Се сеќаваат дека полицијата ги викнала да дојдат во куќата на славната актерка, а Абот открил дека нејзиното тело било полно со виолетови дамки.

„Беше тешко да се поверува дека тоа е славната убавица Мерилин Монро. Изгледаше како просечна повозрасна жена која не се грижела премногу за своето тело. Очигледно е дека околностите во кои починала, значително го влошиле нејзиниот изглед. Кога некој умира, гравитацијата доведува до тоа крвта да се таложи на најниската точка во телото. Во нејзиниот случај, со оглед на тоа што починала со лицето надолу, виолетовите дамки од крвта ѝ останале на лицето, а вратот многу ѝ отекол“, се присетил погребувачот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.