Поранешниот на Ева Лонгорија почина пред 4 дена, а луѓето се шокираа поради нејзината нова објава: „Не се ни изладил, а ти се фалиш!“

Можеше барем нешто!

По смртта на актерот Тајлер Кристофер, поранешен сопруг на ТВ-ѕвездата Ева Лонгорија, следбениците на Инстаграм ја чекаа нејзината реакција.

Ева Лонгорија, наместо посвета по повод смртта на Тајлер Кристофер, кој почина на 50-годишна возраст од срцев удар, објави дека постигнала успех со вклучувањето во магазинот „Тајм“, кој ја нарече „ еден од латино-лидерите кои ја менуваат шоубиз-индустријата“.

Му благодарам на магазинот „Тајм“ што ме вклучи меѓу другите латино-лидери и визионери. Постојано сум инспирирана и мотивирана да продолжам со мојата работа, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Додека едни ѝ честитаа за успехот, други ѝ беа лути што не му посветила објава на починатиот сопруг, ниту пак го спомнала од неговата смрт.

Можеше барем нешто да направиш“, „А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен маж“, „Барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“, „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.