Пејачката се сврте кон верата: Eве што направи Северина за да добие прошка од Бога за гревовите

Се покаја

Северина Вучковиќ одлучи својот живот да го промени за 180 степени, па во потполност се сврте кон духовноста и Бога.

Популарната пејачка на овој начин, духовно посилна, се подготвува за сите искушенија кои на приватен и на професионален план ја очекуваат во наредниот период.

Како што дознава српскиот Курир, Северина последните неколку дена ги поминува на патување низ Јордан и неговите свети места, меѓу кои е и познатата Јорданска Пустина, која на повеќе места се спомнува во Библијата.

Пејачката овој пат, наместо во некои атрактивни европски метрополи се одлучи да ги посети библиските места на кои се одмораше и самиот Исус Христос. Таа за време на одморот отиде и во неколку познати манастири и цркви во кои се чуваат многубројни христијански свети предмети, каде што се читаат молитви за здравје и напредок во секој поглед.

Покрај посетите на некои од туристичките атракции во овој дел од светот, како и Мртвото Море, таа духовниот мир одлучи да го побара на планината која се спомнува во Светото писмо, поточно во Стариот завет, но и во познатата река Јордан, во која според предавањето, Св. Јован Крстител го крстил господ Исус Христос.

Планината Небо се спомнува во Библијата како место со кое Мојсеј го добил погледот на Ветената земја пред неговата смрт. Витанија над Јордан, каде што Исус е крстен. Па Мадаба…Мозаик во црквата Свети Ѓорѓи… Чудесно, напиша Северина под една видео снимка на Инстаграм.

Инаку, таа на своите следбеници под фотографиите на кои се гледа нејзиното капење во реката Јордан, објасни дека во Израел и Светата земја одморала во 2014 година, во периодот кога се случувал разводот и медиумската војна со Милан Поповиќ, кои траат и денес.

Патувањето низ Јордан ме потсети на патувањето во Израел пред осум години. Тогаш од израелска страна влегов во реката Јордан, која е природна граница на Израел и Јордан. Сега бев на спротивната страна и гледав како луѓето среќни влегуваат во реката Јордан. Незаборавно, напиша Северина, која тогаш се потсети и на Ерусалим и гробот на Христос, па оттогаш има право на своето име да ја додаде титулата аџи, што таа не го потенцира во медиумите, ниту се пофали јавно со тоа.

Како што дознава српскиот Курир, таа и овој пат влегла во Јордан, а според старото христијанско верување, оној кој ќе влезе трипати во оваа река, значи дека започнува нов живот, па му се простуваат сите гревови од минатото.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.