Обожавателката замавнува кон Цеца, но пејачката успеава да го избегне ударот во глава (ВИДЕО)

Вирална видеоснимка од концертот

На крајот, сѐ излегло добро!

Општопознато е дека концертите на Цеца Ражнатовиќ се најпосетените во регионот, а така беше и на овој на кој е настаната виралната видеоснимка што ќе ја погледнете во продолжение на овој текст.

Имено, на снимката се гледа како една од нејзините обожавателки стои во првиот ред на концертот и држи голема кадифена играчка во рацете, која, во еден миг, ја фрла кон популарната пејачка.

Всушност, со овој потег обожавателката посакала да ѝ ја подари играчката на Цеца, но, за малку, ќе ја удреше во главата.

Интересна е реакцијата на Цеца, која кога ја здогледува летачката играчка, навреме ја поместува главата и продолжува да пее со насмевка на лицето.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.