Новак Ѓоковиќ обвинет за консумирање недозволени супстанции: Еве што вели Јелена за ОВА! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го вкрсти рекетот со Холгер Руне во големото финале на Мастерсот во Париз, а од трибините на салата „Берси“ по мечот излезе интересно видео.

Имено, еден гледач го снимил моментот во кој познатиот физиотерапевт на Ноле, Улисес Бадио, му приготвува пијалак на тенискиот ас, а потоа му го испраќа преку еден од собирачите на топчињата.

По завршувањето на натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Руне, дотичниот гледач го сподели овој видеоматеријал на Твитер, кој сега кружи на социјалните мрежи со зборовите:

Што му даваат среде меч и зошто изгледаат олку сомнителни? – јасно алудирајќи дека се работи за некаква недозволена супстанција.

На социјалните мрежи се прошири темата за допинг, а на шпекулации не остана имуна ниту сопругата на Ноле, Јелена Ѓоковиќ, која му се нафрли на твитерџијата.

Виновен е Новак. Тој им дозволува да ги создаваат овие непотребни контроверзии. Зошто едноставно не се осврна на тоа кога го прашаа минатиот пат? Наместо тоа, го нарече магична напивка. Ангажирајте ПР-агенција, ве молам – стигна коментарот до Јелена, а таа брзо одговори:

Ќе зборува кога ќе биде подготвен за тоа. Целата оваа глупост да ги терате луѓето да зборуваат за нешто за што не се подготвени затоа што ДРУГИТЕ се нетрпеливи е апсурдна. Седете во тишина некое време. Грижете се повеќе за себе. Сè што гледате не е контроверзно. Може да биде приватно. Дали е тоа дозволено – прашала Јелена.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.