Невиден скандал во Ѕвездите на Гранд! Босанац по Поповиќ: Роден сум во центарот на Сараево, а ти ниту во болница

Некој ќе го напушти студиото...

Има ли ова крај?

Скоро и да нема ново издание од регионалното музичко натпреварување Ѕвездите на Гранд, а да не помине без кавга и скандал. Според најавите таква ќе биде и следната епизода, односно таа што ни доаѓа викендов.

Меѓу бројните кавги се чини дека ескалираше онаа помеѓу Драган Стојковиќ Босанац и Саша Поповиќ. Додека Поповиќ и се обраќаше на Светлана Цеца Ражнатовиќ се замеша Босанац и од тој момент се тргна наопаку.

„На мене во личната карта ми пишува: центар на Сараево, а кај тебе ти пишува“, рече Босанац и додаде:

„Па ти не си роден ниту во болница. Кога си се родил не постоеле ниту породилишта“.

Сепак, ако се земе предвид колку години тие се познаваат едни со други, а и дека често се расправаат за да направат поинтересна емисија очигледно е дека никој нема да го напушти моменталниот состав од жирито.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.