„Некои жени така заработуваат за живот“: Вупи Голдберг веќе не сакаше да молчи на коментарите на Меган Маркл, на ДРАМАТА ѝ нема крај!

Шоубизнис

Изјавата на Меган Маркл дека додека работела како ТВ водителка во шоуто “Deal or No“, дека се чувствувала прилично глупаво бидејќи акцентот бил ставен само на изгледот, предизвика бура од реакции. По тој повод зборуваше и познатата актерка Вупи Голдберг.

„Кога си изведувач, одиш на свирка. Вие ја прифаќате свирката. Некогаш си во костим на кловн, понекогаш имаш голем нос и тоа е баш така“, изјави Вупи Голдберг вчера на “The View“.

Да потсетиме, Меган Маркл во својот подкаст пред неколку дена истакна дека додека работела во споменатата емисија (помеѓу 2006 и 2007 година) се чувствувала како будала бидејќи така се однесувале со водителките. Од нив било барано да гледаат на одреден начин, додека не се обрнувало внимание на нивната интелигенција.

Вупи истакна дека Меган можеби се чувствувала така, или дека жените така се прикажани.

„Поентата ми е, ако го гледате тоа и се чувствувате така, можеби не сакате другите жени да се чувствуваат лошо затоа што можеби се обидуваат да заработат за живот“, рече актерката.

Дали ова сепак, го оправдува прикажувањето на жените на малите екрани на начин опишан од Меган Маркл, кој се сведува на истакнување на нивните физички атрибути? Одговорноста е донекаде условно кажана и на Меган бидејќи ја прифатила работата, но прашање е дали морала да ја прифати понудата како и прашањето колку жените се принудени да направат нешто што ги прави да се чувствуваат како што кажала војвотката.

Без разлика дали е во право или не, најважен проблем е претставата на жените како предмети. Но и Вупи е во право кога вели дека многу жени се (принудени) да заработуваат на тој начин, ете уште еден проблем многу поважен од тоа кој е победник во оваа приказна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.