„Не се мешам во селски приказни, немам опрема за валкање во кал!“ Ана Николиќ ѝ го возврати ударот на Милица Павловиќ

Продолжува да „дрма“ аферата „Проверено“

Ана Николиќ одговори на прозивките на Милица Павловиќ, која отвори оган врз неа во емисијата „Амиџи-шоу“ и рече дека не сака повеќе да се занимава со неа и со таа тема.

Имено, песната „Проверено“ стана хит на албумот на Милица Павловиќ, а пејачката Ана Николиќ почна да ја пее песната, за која претходно сними демо, како своја на настапите, што ја налути Милица, па затоа ѝ порача дека треба да се засрами, а Николиќ веднаш ѝ одговори…

Јас навистина не сакам да учествувам во нешто што е само 1 процент поврзано со мене, всушност имам 0 проценти врска со тоа. За расплетот на приказната јавете му се на Достоевски“ – изјави Ана Николиќ за Pink.rs.

Кога излегоа демо-песни три дена пред официјалното објавување на мојот албум, никој не се занимаваше со тоа. Како излегуваат снимките од студиото, треба да се праша музичкиот продуцент. И јас не се мешам во селски приказни, немам опрема да се валкам во кал. Немам ништо со тоа“ – изјавила пејачката.

Да потсетиме, Павловиќ јавно ѝ се обрати на колешката во емисијата.

Што имам да ѝ кажам во овој момент: Срам да ти е! Срам да ти е заради името, срам да ти е заради кариерата! Пред една недела го почитував ликот и делото на Ана Николиќ, ги сакав нејзините песни, како мала ја гледав Ана Николиќ и се замислував дека сум ѕвезда. Прво што од неа ‘протече’ демо-видеото, второ што е објавено на каналот Јутјуб, како и на официјалната песна на Ана Николиќ.

Го почна настапот со: ‘Да почнеме со мојата нова песна, ми фали уште една строфа да ја напишам’, тоа е толку безобразно и подло. Очекував да ми се јави, барем колегијално, јас не ја познавам. Да ми се случеше мене да ми протече демо-песна, ќе се извинев, ќе отидев да ѝ купам друга песна, ќе ѝ реков ‘Еве ти песна, се случи, не е во ред’. Апсолутно големо срам да ви е, на сите мои колеги што молчите, бидејќи сите знаат колку е тешко денес да се дојде до песна, да се издвјат пари, да се заработи. Никој не треба да ме брани, но ова е срам за музичката индустрија, ова се нема случено“ – рече меѓу другото Милица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.