МРАЧНИ ТАЈНИ на познатите: 6 познати личности со НЕВЕРОЈАТНИ животни приказни, кои веројатно не сте ги знаеле

Кој би рекол...

Ви ги откриваме семејните тајни на најпознатите ѕвезди.

Многу познати личности кријат по некој „костур во плакарот“, мрачни семејни тајни од нивното минато. Додека едни ги откриваат во своите автобиографии, други ги кријат и се молат дека печатот нема да ги разоткрие. Па така, дури и холивудските актери од А-листата имаат што да кријат од очите на јавноста.

Пред вас е само дел од она што ѝ стана познато на јавноста за нив.

Ријана: Двојниот живот на нејзиниот татко

Пејачката која по долго време го објави новиот хит Lift me up, во една пригода сподели неколку не многу пофални факти од животот на својот татко. Имено, нејзиниот татко Роналд бил голем женкар, па Рири дознала дека има две сестри и брат, но од различна мајка. Познатата пејачка во својата петнаесетта година ја запознала својата постара полусестра, и тие две денес одлично се сложуваат. Таткото на Ријана наводно консумирал многу алкохол и опијати во своите младешки денови.

Актерот Вуди Харелсон: Таткото платен убиец

Таткото на Вуди Харелсон, Чарлс, бил платен убиец во 1970-тите и бил платен да убие одреден продавач на теписи за одредена сума. Чарлс се согласил на убиството, наводно, го намамил продавачот на теписи во бар, принудувајќи го под закана со пиштол да вози до оддалечена локација и таму го застрелал.

Години подоцна, таткото на славниот актер беше ослободен од обвиненијата поради наводен недостиг на докази. Вуди Харелсон дознал за насилното минато на својот татко дури кога имал дванаесет години. Дотогаш, татко му веќе ја оставил мајка му, која него и брат му ги одгледала сама.

Актерката Шарлиз Терон: Мајка ѝ го убила насилниот татко

Шарлиз е една од најуспешните актерки во Холивуд, која плени со својот изглед. Во ТВ-интервју со Дајан Соер во 2004 година, таа откри дека нејзината мајка го убила нејзиниот татко во самоодбрана. Убавата актерка со потекло од Јужна Африка откри дека нејзиниот татко бил алкохоличар, кој вербално и физички ги малтретирал. Една вечер, кога таа имала само 15 години, тој зел пиштол и почнал да пука во нејзината соба.

Во самоодбрана, мајката на Шарлиз ги застрелала нејзиниот сопруг и неговиот брат, кој исто така бил пијан и насилен. Актерката и денес тврди дека жртвата што ја направила нејзината мајка за да ја заштити ја инспирирала да се потруди да ги оствари своите соништа и навистина да направи нешто од себе.

Мараја Кери: Криминалното минато на нејзината сестра

Никогаш не сме слушнале многу за семејството на Мараја Кери, освен некои основни информации за нејзините родители. Сè додека во јавноста се појави приказната за нејзината сестра Алисон, која била уапсена за проституција. Инаку, Алисон е ХИВ-позитивна и долги години се обидува да извлече пари од својата позната сестра.

Хоакин Феникс: Роден меѓу членови на култот

Оскаровецот Хоакин Феникс пораснал со родители кои биле вклучени во култот „Божји деца“. Од рана возраст, Хоакин го набљудувал контроверзното однесување на своите родители. Актерот, всушност, е роден во Сан Хуан, Порторико, поради фактот што неговото семејство многу патувало, со другите членови на култот. На крајот, сепак, родителите на Хоакин се одвоиле од култот и го смениле презимето од Ботом во Феникс и направиле нов почеток.

Кевин Спејси: нацистички татко и насилник

Таткото на еден од најголемите актери, Кевин Спејси, бил самопрогласен нацист, но тоа не е сè. Братот на актерот еднаш откри дека татко му сексуално го злоставувал. Наводно, Кевин бил поштеден од оваа траума, но за целосно да се дистанцира од својот татко, го сменил презимето во моминското презиме на мајка си, Спејси.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.