Маја Глигоровска ги спакува куферите и замина во Белград: ОВА е мистериозниот господин од нејзините фотографии! (ФОТО)

Дали овој Србин е новиот македонски зет?!

Нашата позната поранешна манекенка, а денес наставничка, Маја Глигоровска, за Велигден и први мај се спакува и замина во соседна Србија. Оттаму веќе неколку дена објавува фотографии и видеа од најлуксузните делови на главниот град Белград.

Лафајет, Нацонална класа, Темепрамент…се само дел од локалите во кои Маја се појави и никој не остана рамнодушен, бидејќи таа и во 40тата година изгледа така што многу помлади девојки можат да и позавидат.

Но, она што беше интересно и што крена прашина во јавноста е прашањето,кој е мистериозниот господин од нејзините фотографии и видеа,и дали можеби тоа е човекот кој по толку години повторно го освои срцето на нашата поранешна мисица.

Ја исконтактиравме, а таа само кратко ни кажа:

Овде сум со другарките, но имаме пријатели од Белград па се собравме поголемо друштво. Секако дека има многу убави мажи како и жени кои се негувани и изгледаат беспрекорно. Засега не би откривала ништо конкретно,а се што ќе биде вредно да се објави јавно,знаете дека сум тука и секогаш сум искрена за љубовниот живот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.