ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА НИКОЛИЈА И РЕЉА! Пејачката го откри рецептот за успешен брак и откри кој кого ОСВОИЛ

Шоубизнис

Љубовната врска на Николија и Реља Поповиќ интригира многумина, а малкумина ја знаат заднината на нивната љубовна приказна.

Првите искри меѓу нив се запалија во 2014 година, по снимањето на спотот за песната Алкохола литар, која Николија ја сними со групата „Елитни одреди“, во која тогаш беше и Реља.

Набргу откако во јавноста објавија дека се заедно, открија дека Николија го изгубила бебето во третиот месец од бременоста. Потоа почнаа помалку да се рекламираат во медиумите, а во една пригода Николија раскажа како ја освоил Реља.

Тој мене ме освои. Генерално, важно ми е тоа нешто – „магија“, призна пејачката и рече дека не се преправа кога има намера да освои некој маж, туку секогаш се труди да биде своја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLIJA (@nikolijaofficial)

Јас сум јас. Тоа едноставно се случи. Немам посебна техника. Моите пријателки се поинакви. Стануваат поженствени, зборуваат на друг јазик, додаде Николија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLIJA (@nikolijaofficial)

За успешен брак потребно е малку да се криеш од медиумите. Имам хармоничен брак, а на јавноста и на медиумите тоа им е досадно и многу сум среќна поради тоа, изјави таа.

Пејачката не криеше дека за успехот на нивната љубов е заслужно тоа што ги сакаат истите работи.

Истите идеали, визија, комуникација, љубов пред се’. Кога има љубов, тогаш се е полесно, искрено призна Јовановиќ.

Нивната љубов ја зголемија двете ќерки – Реа и Хана. Иако живеат во хармонична заедница, никогаш не сакале да се венчаат. Или можеби го сокриле тоа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.