„Ќе биде интимно!„ Славица Чуктераш проговори за бракот во најава, па откри каков веренички прстен сака (фото)

Полесно е кога не е прв пат...

Кој пробал знае…

Славица Чуктераш веќе некое време ужива во љубовта со Владимир Аќиќ, а сега конечно проговори кога ќе ја крунисаат врската.

„Јас и Владимир веќе живееме заедно со моето дете. Ние сме заедница. Што значи таа хартија? Тоа не значи ништо. Тоа не е гаранција за никаква врска. Најважно е што се најдовме, се почитуваме и добро функционираме заедно, се е убаво и тоа ми е нешто повредно од било кој документ. И сега, ако ме праша, веројатно ќе се омажам“, рече Славица.

На прашањето дали би имала трема на свадбата, таа одговори:

„Не би имала никаква трема да застанам пред олтарот“, изјави таа во ТВ емисија.

Пејачката откри и каква свадба би сакала.

„Не сум тип што сака големи свадби. Претпочитам поинтимна верзија“, изјави Славица, а потоа откри каков би сакала да биде свршеничкиот прстен.

„Нека биде зелен камен“, рече таа во емисијата.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.