Ја гледавме во серијата „Елиф“: Познатата турска актерка претрпела страшно злоупотребување од татко ѝ, а сега стравува поради ова!

Води тешка борба

Турската актерка Мелиса Донгел доживеала нешто што никому никогаш не би смеело да му се случи

Мелиса Донгел е турска актерка и модел, завршила на Академијата за уметности Osman Iagmurdereli, а нејзиното прво појавување на малите екрани беше во серијата „Елиф“. Моментално ја толкува главната улога во романтичната комедија Aşk Mantık İntikam.

Голема популарност стекнала во 2018 година кога се појавила како Дениз Челик во драмската серија Bizim Hikaye.

Татко – монструм

Во јули 2021 било откриено дека Донгел води правна битка со својот татко од кого претрпела ужасно насилство. Тој ја злоупотребувал на најлошиот можен начин – ја силувал!

Тој сега издржува затворска казна, што актерката сака да го искористи и за да ја заштити својата сестра. Мелиса Донгел покренала судска постапка и бара старателски права над нејзината малолетна сестра.

Мајка ѝ ја напуштила

Тажната приказна на Мелиса ја надополнила нејзината мајка. Таа одбила да се грижи за своите ќерки, наводно поради сиромаштија и се вратила во родната Русија.

Помош од психолог

Мелиса Донгел долго време посетувала психолози и разговарала со нив за последиците од страшниот чин на нејзиниот татко. Сега е подготвена да преземе старателство над сестра ѝ и, како што вели, да спречи и таа да го доживее истото. Актерката добива голема поддршка на социјалните мрежи од сите страни на светот. Поддршка ѝ испраќаат и многу колеги, а меѓу првите го направил тоа Керем Бурсин.

Шокантна вест за љубителите на популарната турска двојка: Оставената сопруга на актерот го абортирала бебето во знак на одмазда
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.