Холивуд го бојкотира, но Џони Деп не се предава: „Јадачката на мажи му ја уништи кариерата“

Се враќа на филмското платно

Откако неговата поранешна сопруга, холивудската „јадачка на мажи“ Амбер Херд го обвини дека ја злоставува, тој исчезна од филмското платно.

Сепак, се чини дека го чека одлично враќање на сцената. Џони Деп ќе го игра францускиот крал Луј XV. Филмот е во режија на францускиот режисер Маивен Ле Беско, а снимањето треба да започне летово.

Во интервју за странски медиуми, актерот изјави дека Холивуд го бојкотира поради неговиот лош имиџ во јавноста. Причината за ова е написот во кој се тврди дека Џони физички ја малтретирал Амбер. Самиот Деп дал докази дека актерката била физички насилна кон него, но тоа не помогнало. Таа сè уште добива филмски улоги, а Џони го заобиколуваат.

Да потсетиме, Амбер и Џони раскинаа во мај 2016 година, кога актерката поднесе барање за развод по 15 месеци брак, а во барањето за развод го обвини Деп за насилство кое кулминираше кога актерот наводно ѝ фрлил мобилен телефон во лице и ги искршил работите околу стан .

Во следните месеци, поранешните сопружници продолжија да поднесуваат обвиненија против другиот, а некои од најбизарните се секако оние во кои Џони тврди дека Амбер го удрила со стаклено шише, му го повредила прстот и наводно му изгаснала цигара на образот, додека таа тврдела дека ја тепал, ја влечел за коса и за малку ја удавил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.