Голема прослава кај Марко и Луна: Сè беше по обичаите – колач, пченица, свеќи, а еден детаљ сите ги воодушеви (ФОТО)

Шоубизнис

Луна Ѓогани Милјковиќ и Марко Милјковиќ ја прославија куќната слава Свети Алимпија Столпник.

Милјковиќ на првиот ден од славата, во својот нов стан го собра семејството и пријателството. Се потрудија да ги испочитуваат сите обичаи. На трпезата покрај богатата гозба се најдоа и свеќата, виното, житото, но и традиционалниот колач кој попот го освети во нивниот дом.

Сите присутни ноќта ја поминаа со музика и добро расположение. Во еден момент Луна и нејзиниот татко Гаги Ѓогани заиграа.

Другиот ден од славата, беа главни домаќини. На гости им дојдоа таткото на Марко, но и мајка и` на Луна, Анабела Атијас, нејзиниот избраник Андреја и сестрата Нина Ѓогани. Новопечената баба, цело време беше со својата мила Миа, никако не ја тргаше насмевката од нејзиното лице.

Вистинската идилична атмосфера владееше и таа вечер, а после тоа откако ги испратија гостите, Марко покажа каков татко е и како го поминува времето со ќерката.

„Кој те роди? Дали тато те роди, кажи да“, се шегуваше Марко на сметка на Луна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.