Милан Калиниќ за родителството: Остро ги осуди татковците кои не ги гледаат своите деца – „Кој суд? Кој закон? Таму никој не може да ви застане на патот“

Шоубизнис

Актерот за себе смета дека е најдобар татко на светот.

Милан Калиниќ веќе 16 години е во брак со сопругата Сандра, а имаат и две деца – Теа и Вук. Актерот не сака да се фали себеси, но кога е во прашање родителството, смета дека е најдобар татко на светот.

„Не сакам да зборувам за себе кога се во прашање многу работи, но кога станува збор за родителството тврдам дека сум најдобар татко на светот! Колку тоа некој да го мисли за себе, бидејќи секој, секако своите деца ги сака најмногу, па гледам постојано што работат луѓето и како го работат тоа, и таа титула нескромно ќе ја сочувам за себе. На тоа сум особено горд. Она што добивам од децата назад ми е најголема сатисфакција и не ми треба ништо повеќе во животот“, рече актерот во емисијата „Пушти ги грижите“ за српскиот Курир ТВ.

Тој даде пример за колешката Калина Ковачевиќ, која исто така седеше во студиото и кога раскажуваше за татковците на своите деца, спомена само еден.. На Милан тоа му беше незамисливо и смета дека никој не може да застане меѓу родителите и децата.

„Слушам таму некои приказни.. Еве на пример, Калина има две деца од двата брака, но го спомнува само едниот татко. Мене тоа ми се нејасни работи, да се разведеш од жената, значи дека се разведуваш и од детето, а тоа е многу. Јас кога ќе влезам во разговор со луѓето кои ги познавам низ работава, зборувам за мажите кои се разведени, кога ќе ги прашам какви се со децата, а тие ми велат „немам некој контакт“, не знаеш во каква расправија влегувам“, рече актерот и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kalinic.milan72 (@kalinic.milan72)

„Ништо не прифаќам како оправдување. Генерално се се сведува на мајката, односно на поранешната жена, па кажуваат „мајката ова, мајката она“. Што мајка? Која мајка може мене да ми забрани да ги видам своите деца? Кој суд? Кој закон? Тука никој не може да застане на патот“, заврши актерот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.