Ништо не навестуваше на трагедијата: Ненадејната смрт на познатиот танчар и диџеј го остави светот во неверување – се сомневаат дека е самоубиство!

Тажна вест

Стивен Бос делуваше како да има се: среќно семејство, кариера и оптимизам.

Изгледаше дека со само 40 години, завидна кариера и на изглед среќниот семеен живот, Стивен има се`.

Секогаш беше препознатлив по насмевката која не ја симнуваше од лицето, пред само неколку дена прослави 9 години од бракот со Алисон Холкер, со која има две деца, како ќерка од нејзината претходна врска.

Парот секогаш на своите објави на социјалните мрежи делуваше весело и идилично, а станаа познати по видеата во кои играат заедно.

Никој не предвиди дека ќе се случи традегија, а посебно дека некој како Стивен ќе крене рака на себе, бидејќи по извештаите се сомневаат дека станува збор за самоубиство.

Имено како што се наведува во медиумите, неговата сопруга Алисон ја повикала полицијата во Лос Анџелес, откако Стивен излегол од неговата семејна куќа, без автомобил и се упатил во непознат правец. Како што објасни таа, не било својствено за него да оди без автомобил. Очевитците во хотелот во кој престојувал Стивен, слушнале пукање и ја повикале полицијата.

Мотивите за вакво нешто не се познати, Стивен не оставил никаква порака како што наведува “The Sun”, но во хотелот со себе зел само еден багаж. Хотелот во кој се случила несреќата е оддалечен на само 14 минути пешачење од неговиот дом.

Стивен, познат по прекарот “Sir Twich a Lot” стана многу популарен со учеството во емисијата “Ellen Degeneris Show”, каде настапуваше како диџеј, а често ги покажуваше и своите кореографии по танц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allison Holker (@allisonholker)

Откако се дозна за тажните вести, Елен Деџенерис со заедничка фотографија на својот Инстаграм напиша:

„Срцето ми е скршено. Twitch беше чиста љубов и светлост. Тој беше мое семејство и јас го сакав со целото мое срце. Ќе ми недостига. Ве молам пратете љубов и поддршка до Алисон и нивните преубави деца – Весли, Мадокс и Заја“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

Сопругата Алисон Холкер (34) во своето официјално соопштение го напиша следново:

„Со тешко срце морам да споделам дека мојот сопруг Стивен не напушти. Стивен ја осветлуваше секоја соба во која ќе влезеше. Тој го вреднуваше семејството, пријателите и друштвото над се, и се водеше по љубовта и светлината, тоа беше се за него. Тој беше сржта на нашето семејство, најдобар маж и татко, и инспирација на своите фанови. Сигурна сум дека нема да помине ден да не го славиме споменот на него. Ве молиме за приватност во овој тежок момент за мене и посебно за нашите три деца. Стивен, те сакаме, ни недостигаш и секогаш ќе го сочуваме последниот танц за тебе“, напишала таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.