Ѝ го растури бракот на најдобрата пријателка, па забремени со нејзиниот маж: Денес истиот човек го прозива на Инстаграм бидејќи мокрел по ѕидот на луксузниот хотел
Ријалити-ѕвездата Лорин Гудман (31) ужива во Марбела додека ги покажува своите совршени облини во белите бикини на локалната плажа.
Имено, оваа згодна бринета имаше кратка романса со англискиот репрезентативец Кајл Вокер (32) со кој го има двегодишниот син Каиро. Неодамна Лорин и Кајл беа на суд поради компликации околу заедничкото старателство над малиот Каиро.
Меѓутоа, пред два месеци, по завршувањето на судењето, изби несекојдневен инцидент меѓу оваа поранешна двојка. Лорин наводно го удрила Кајл откако фудбалерот бил фатен како мокри по ѕидот на луксузен хотел.
Лорин по инцидентот се огласи на Инстаграм и на шега им објасни на фановите дека и на Кајл и на малиот Каиро им требаат пелени.
Инаку, Кајл мина девет години во брак со Ана Килнер, манекенка која ја запознал кога имал 18, а таа 16 години. Од тој брак добија три сина, а потоа Кајл ја изневери Ана со нејзината најдобра пријателка Лорин Гудман, која забременила.
Кога ми кажа дека има дете со мојата најдобра другарка, срцето ми се скрши. Не можам да верувам дека ризикуваше да го загуби семејството поради тоа. Мојот свет се распадна во тој момент“, рече Ана, која со Лорин ги споделувала своите најинтимни тајни.
Фото: Getty Images