ФБИ го преврти домот на Доналд Трамп, а таа се смее: На Иванка воопшто не и` е гајле за татко и`

Шоубизнис

ФБИ упадна во домот на Доналд Трамп пред неколку дена, додека другите членови на администрацијата на Трамп и неговото семејство уживаат на страна.

Иванка, ќерката на Трамп, не била во близина на Мар-а-Лаго во Флорида, каде што се случила рацијата, а и ниту Трамп. Според органите на редот, тоа бил намерен потег на ФБИ.

40-годишната поранешна висока советничка во Белата куќа и ќерка на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави е видена како вечера и се смешка со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер во Минесота неколку часа по рацијата, пишува “TMZ”.

На фотографиите објавени во јавноста, парот можеше да се види во Рочестер во понеделникот вечерта (8 август), околу два и пол часа откако ФБИ изврши упад во домот на нејзиниот татко.

Двајцата биле во “Bleu Duck Kitchen”, а сведоците велат дека имале маса за себе и го делеле виното. Изгледало дека се во „одлично расположение“ и се држеле за себе додека чуварот ги чувал пред да заминат и прошетаат по улицата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.