Емина Јаховиќ излезе од медиумскиот заборав: „Јас сум жена што може да издржи многу!“

Откри со која пејачка се „поткачила“

Детаљ што малкумина го знаеја досега…

Поп-пејачката Емина Јаховиќ веќе подолго време не е присутна на музичката сцена. Но на тоа му дојде крајот, бидејќи, како што и самата вели, се подготвува за голем музички камбек.

Емина нема настапувано од пандемијата на коронавирусот, а неодамна ја отвори летната сезона настапувајќи во еден белградски клуб.

Како и обично, сè што изјави за медиумите во оваа пригода предизвика големо внимание, бидејќи, меѓу другото, откри како е да се соработува со домашните експерти од музичката индустрија, а како со странските, а не премолче и кој пејач ѝ бил најкомплициран за соработка.

Мислам дека е полесно да се работи со луѓето од странство. Одлична сум за работа, само што сум перфекционист. Сакам да им се мешам на луѓето кога јас работам и пишувам песни. Сакам да бидам целосно одговорна за она зад кое треба да застанам. Тоа може многу да ги налути луѓето, но јас така сакам – рече пејачката и откри со која колешка имала најголем проблем во соработката.

Тоа се случи со Лена Ковачевиќ, за песната „Кафе, кафе“, бидејќи сакаше да го смени целиот текст. Некои работи едноставно не функционираат. Мислеше дека текстот е премногу груб за неа. Ѝ реков да сменат, но јас не можам да се потпишам како автор. Дарко ја натерал да го отпее текстот и песната стана голем хит. Понекогаш треба да се слуша авторот – откри таа.

И додека интуицијата никогаш ја нема изневерено кога станува збор за музиката, во приватниот живот не е така…

За музиката имам интуиција, а за друго не сум сигурна, откри Јаховиќ.

Емина не криеше и дека се смета за силна жена.

Работам за себе и за сите кои се чувствуваат како мене. Се чувствувам одлично, полна сум со енергија, се чувствувам силно. Жена која може да поднесе многу.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.