Ја запроси на плажа: 6 години помладиот спортист се сврши со една од најубавите жени на естрадата

Обожавателите се пресреќни

Никол Шерцингер (44), талентирана пејачка, актерка и поранешна членка на популарната група „Пусикет долс“, ја изненади јавноста објавувајќи ја својата венчавка на една од најубавите плажи во светот. Среќната вест пристигна додека Шецингер уживала на својот одмор.

Познатата пејачка се сврши со својот долгогодишен партнер Том Еванс, шкотски рагбист.

Никол се прослави со своите силни вокални способности и актерски талент. Сепак, и покрај тоа што важеше за една од најубавите жени на светот, таа немаше многу среќа во љубовта. Меѓутоа, сега конечно го пронајде вистинскиот маж.

Извори блиски до пејачката открија дека нејзиниот партнер долго време ја планирал оваа романтична свршувачка и дека одлично го креирал овој посебен момент. Парот уживаше во релаксиран ден на плажа, каде што се сончаа, шетаа покрај брегот и му се препуштија на чувството на љубов и среќа.

Додека се шетаа по песочната плажа, зајдисонцето создаде бајковита атмосфера која само ја зголеми романтиката во моментот.

Никол сподели фотографија од моментот на свршувачката на Инстаграм, на која рагбистот клечи пред неа, а во описот на фотографијата објасни: „Реков – ДА!“

Шерцингер (44) веднаш доби многу честитки, а нејзиниот шест години помлад свршеник блескаше од среќа.

Моја, засекогаш, напиша рагбистот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.